Една од најпопуларните музички ѕвезди во светот, Кети Пери најави пауза од работата на неодредено време.
Како што вели самата, некои делови од животот ги занемарила поради кариерата која ја започнала рано и не обрнувала внимание на ништо друго освен на музиката.
-Патувам веќе десет години, па сега само ќе се опуштам. Нема веднаш да почнам да снимам нова песна. Чувствувам дека направив многу. Во изминатите години многу работев на менталната состојба, на својата духовна и емоционална страна. Сега се обидувам да пронајдам рамнотежа, треба да останам приземна, вели Кети.
Како што истакнува, нејзиното семејство не било изненадено со оваа одлука, а нема сомнеж дека обожавателите едвај ќе чекаат повторно да ја слушнат и видат.