недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Фановите шокирани, но и загрижени: ВАКА сега изгледа Мадона, не личи на себе поради естетската хирургија (ФОТО)

Фановите шокирани, но и загрижени: ВАКА сега изгледа Мадона, не личи на себе поради естетската хирургија (ФОТО)

Поп иконата Мадона често објавува нови фотографии на својот Инстаграм кои се подобрени во Photoshop и поминати низ различни филтри.

Нејзините обожаватели сега видоа како навистина изгледа музичката ѕвезда кога се појавила пред хотел во Манчестер. Ова е едно од ретките појавувања откако таа поради здравјето заврши во болница, а изгледаше дека е расположена.

Меѓутоа, на многумина им паднало во око нешто сосема друго. Мадона се обидела да го скрие своето потонато лице со големи црни очила за сонце и качулка, што не и успеало баш.

Резултатите од естетската хирургија и затегнување се очигледни, па многумина останаа шокирани од тоа како всушност изгледа пејачката.

„Исусе, што и се случи“, „Нејзините усни и лице изгледаат болно“, „Таа е целосно изобличена“, „Мило ми е што е подобра, но овие фотографии ме растажуваат“, „Онаа на Инстаграм и онаа во живо се два различни света“, се само дел од коментарите.

Инаку, Мадона беше пронајдена без свест на 28-ми јуни кога падна во состојба на септичен шок. Таа итно била пренесена на интензивна нега поради бактериска инфекција, а пејачката била во многу критична состојба.

Иако не ја откри точната инфекција од која боледува, набрзо била пуштена на домашно лекување и успешно закрепнала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna Literal (@madonnaliteral)

Најнови вести