Израелските медиуми откриле дека преговараат со најголемите имиња на светската музичка сцена околу настапот на 64. Евросонг.
Сепак, протече информацијата дека на сцената најверојатно ќе пее, кралицата на поп музиката, Мадона (60).
„Мадона начелно ја прифатила понудата за Евросонгот, но сè уште не договориле колкав ќе ѝ биде хонорарот“, пишува порталот Инет.
Ако тоа конечно се случи, тогаш зборуваме за една од најголемите пресвртници во историјата на овој музички натпревар.
Израелците, според пишувањата на домашните и странските медиуми, подготвуваат вистински спектакл, а контактирале големи имиња како британскиот музичар Елтон Џон и британскиот бенд „Колдплеј“.
Организаторите на Евросонгот се познати по тоа што изненадувањата секогаш ги чуваат до самиот почеток на шоуто.