вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Фановите воодушевени, но модните експерти се фатија за глава: „Ева, со своите 157 сантиметри не си смеела да го облечеш ова“

Фановите воодушевени, но модните експерти се фатија за глава: „Ева, со своите 157 сантиметри не си смеела да го облечеш ова“

Ева Лонгорија (43) се појавила на премиерата на филмот „Miss Bala“, а за оваа прилика се одлучила за бела модна комбинација.

Имено, познатата актерка го прошетала црвениот тепих во бели панталони со широки ногавици кои со својата должина речиси ги покриле чевлите во беж боја. Горниот дел бил исто така во бела боја со предимензионирани ракави и чокер околу вратот. Кројот малку потсетува на стилот од 80-тите.

Модната комбинација ја надополнила со ситни менѓуши, посилна шминка и темен лак за нокти. Додека фановите ја опсипаа во комплименти, критичарите со сосема поинаков став.

Модните експерти се согласуваат дека жените со пониска висина би требало да одбегнуваат ваков предолг крој на панталони, но актерката која е висока само 157 сантиметри сепак го одбрала она во коешто се чувствува пријатно.

Најнови вести