Латиноамериканската актерка Кораима Торес, која е позната по улогата на Касандра, ги загрижи своите следбеници со oбјава на Инстаграм.
Таа најпрво објави кратко видео на кое се гледа дека е во болница и дека има цевки за кислород.
Многумина се запрашаа што и се случило, а таа денеска откри за што се работи, но и дека си оди дома.
– Бев во болница поради респираторни проблеми. Ги контролираа и сега конечно си одам дома. Сега ќе внимавам многу повеќе. Ви благодарам на сите за пораките, многу ми помогнаа – напишала Кораима.