среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Фановите загрижено прашаа дали Адел е болна: Пејачката ослабе толку многу што нема да им поверувате на сопствените очи (ФОТО)

Фановите загрижено прашаа дали Адел е болна: Пејачката ослабе толку многу што нема да им поверувате на сопствените очи (ФОТО)

После повеќе од 60 милиони продадени примероци од албуми, раѓањето на синот, разводот како и песните кои не се симнуваа од врвот на топ листите британската пејачка Адел се реши за голема промена и трансформација во својот живот.

Пејачката ги остави во неверување фановите откако објави фотографија од една роденденска прослава од која беше дел.

Таа толку многу е ослабена што фановите дури се загрижија за нејзиното здравје.

 

View this post on Instagram

 

••• Me vs yelling #adele #adeleoholic

A post shared by adele♡ (@adeleoholic) on

Таа во долг црн фустан никого не остави рамнодушен, а под фотографијата на Инстаграм напиша: „Се навикнав да плачам во вакви ситуации, но сега само се потам. Среќен роденден на најдрагиот и најзабавниот човек кој сум го запознала“, напиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

••• Maybe she’s a movie star…… #adele #adeleoholic

A post shared by adele♡ (@adeleoholic) on

Како што пишуваат британските медиуми Адел од јуни годинава посетува пилатес како би ја вратила кондицијата пред претстојната турнеја и новиот албум кој се очекува да излезе наредната година.

Според извори блиски до пејачката таа сака да ослабе уште неколку килограми.

 

View this post on Instagram

 

••• She said “y’all mind if I look this good real quick” At Drake’s birthday party #adele #adeleoholic

A post shared by adele♡ (@adeleoholic) on

-Ова е потполно нова ситуација за неа. Целиот живот имаше проблеми со вишокот на килограмите. Горда е на себе бидејќи конечно направи нешто ново и поинакво, вели изворот.

Најнови вести