Судејќи според Инстаграм страницата Munichwristbuster, која лови познати личности кои носат лажни часовници, раперот Вук Моб носи лажен часовник од познатиот бренд „Ролекс“!
На нивниот долг список има и неколку српски јавни личности кои имаат фалсификати и се фалат дека трошат огромни суми на оригинали. Оваа страница прави анализа со детално објаснување за тоа што ги издава овие часовници дека се копии.
Администраторите на овој профил објавија фотографија на која Вук седи на неговиот џип, додека Ролекс часовник свети на неговата рака, а описот на германски и англиски јазик објасни врз основа на што експертите проценија дека станува збор за копија.
View this post on Instagram