Рожер Федерер ја заврши професионалната кариера, а неговата најголема поддршка му била сопругата Мирка.
Славниот тенисер Федерер официјално потврди дека ја завршува својата професионална кариера. Без оглед на тоа што тенисерот има 40 години, фановите со голема тага ја дочекаа оваа вест.
Федерер зад себе има многу успешна и блескава кариера, додека пак сопругата Мирка отсекогаш била покрај него давајќи му огромна поддршка и ветер во грбот.
Интересно е тоа што и таа се занимавала со тенис, па не е ниту чудно што имала размислувања кои му одговарале на Федерер.
Мирослава Вавринец е родена во Словачка во 1978 година, а кога имала две години нејзините родители емигрирале во Швајцарија.
Таа била многу успешна во тенисот, додека пак најголем успех ѝ била 76-та позиција во светот во 2001 година. Само една година пред тоа таа ја запознала љубовта на својот живот Рожер Федерер на Олимписките игри во Сиднеј.
Набрзо по познанството запловиле во љубовна врска. Интересно е тоа што Мирка во тој момент не била слободна, односно била верена за богат арап, пренесува италијански „Gioia“.
Кога сфатила дека е заљубена во славниот тенисер ја раскинала веридбата, обидувајќи се низ годините да го скрие тој притисок од очите на јавноста.
Седум години по завршувањето на кариерата поради повреда која ја имала Мирка се венчала со Федерер во 2009 година, а Мирка истакнала дека тој ѝ бил најголема поддршка во животот.
„Рожер ми беше најголемата утеха во текот на тие осум месеци од закрепнувањето на повредата. Ми го врати мојот тениски живот. Кога тој победуваше, беше тоа како јас да победувам“, изјавила Мирка во една прилика.
Својот брак тие го крунисале и со деца, ќерките Мила и Шарлен и синовите Лео и Лени.
Мирка отсекогаш го следела тенисерот на сите турнеи, па нема сомнеж дека и таа била покрај него, но и дека имала влијание во тоа да донесе одлука да го напушти тенисот.
Тенисерот пред две години на новинарите им открил дека му е важно неговата сопруга секогаш да е задоволна и дека поради неа е подготвен да се откаже од многу работи.
„Кога на Мирка ќе ѝ здодее да патува, тогаш ќе престанам“, изјавил тој тогаш.
Се шпекулирало и дека Мирка е таа која воспоставува ред во домот, а нејзиниот строг изглед на натпреварите само дополнително ја „загреал“ приказната дека е строга и амбициозна.