Деми Мур ужива на одмор на грчкиот остров Паксос, а папараците успеале да ја „уловат“ во моментите на релаксирање на јахта.
Холивудската актерка постојано имала насмевка на лицето и очигледно добро се забавувала, а изгледа неверојатно и покрај фактот дека наскоро ќе влезе во седмата деценија од животот.
Деми парадирала на јахтата во минијатурно розово бикини кое го истакнало нејзиното цврсто деколте, но и рамниот стомак, а јасно се гледа дека оваа 59-годишна актерка е задоволна во својата кожа.
Нејзините папарацо фотографии го обиколија светот, а фановите не ги штеделе комплиментите:
„Изгледа навистина добро за жена на свои години“, „Позгодна е од некои 30 години помлади жени“, „Жената има речиси 60 години, навистина е волшебна“, се само некои од коментарите.