среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Филип Живојиновиќ пред Прија беше со многу девојки, но оваа остана најзапаметена: Згодна русокоса актерка со која заминаа за Америка (ФОТО)

Филип Живојиновиќ пред Прија беше со многу девојки, но оваа остана најзапаметена: Згодна русокоса актерка со која заминаа за Америка (ФОТО)

Маја Манџука и Филип Живојиновиќ се нова љубовна двојка на јавната сцена, објавија сите медиуми летото 2011 година. Актерката тогаш имала 29 години, а Филип, кој работел како спортски менаџер, бил три години помлад.

Тие за првпат се појавија заедно на концертот на Здравко Чолиќ, на Ушче, а иако не зборуваа премногу во врска со нивната љубов, јасно беше дека „им цветаат рози“. Тие претходно ги прекинаа врските во кои беа дотогаш: Маја имаше десетгодишна романса со еден црногорски бизнисмен, а Филип се раздвои од манекенката Софија Милошевиќ.

Неколку месеци откако на сите им дадоа до знаење дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство, Маја и Филип заминаа за Америка и почнаа да живеат заедно во Лос Анџелес. Таа работеше како продуцент, а тој како спортски агент. Доаѓаа одвреме-навреме во Белград и како што одминуваше времето, се навестуваше дека наскоро ќе се слушнат свадбени ѕвона.

Сепак, четири години подоцна, тие решија да се разделат.

„Додека траеше љубовта беше убаво и бевме неразделни. Разделбата дојде по мали несогласувања. Не беше во прашање тррета личност. Му посакувам се најдобро на Филип“ – тврдеше тогаш Маја.

Иако многумина мислеа дека раскинувањето е привремено и дека двојката наскоро ќе се смири, тоа не се случи. Покрај тоа, со текот на времето, тие престанаа и да комуницираат.

Најстариот син на Слободан Живојиновиќ потоа ја запознал Александра Пријовиќ, со која влезе во среќен брак кој трае, додека Маја не се омажила, а животот го продолжила на релација помеѓу Србија и Америка.

Најнови вести