вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Фитнес инфлуенсерка покажала како изгледа „природно стомаче“: „Ова никогаш не го гледате на социјалните мрежи“

Фитнес инфлуенсерка покажала како изгледа „природно стомаче“: „Ова никогаш не го гледате на социјалните мрежи“

Даниел има над 100 илјади следбеници на Инстаграм и е позната како девојка која ја промовира љубовта кон сопственото тело.

Таа не го крие својот природен изглед и редовно објавува фотографии од своето тело во реално издание, пренесува „Daily Star“.

На нејзините следбеници им се особено интересни нејзините фотографии на кои споредува како изгледа нејзиното тело кога позира за Инстаграм, а како изгледа во реалноста.

Една од нејзините неодамнешни објави покажува две фотографии на кои Даниел носи иста опрема за вежбање. На едната фотографија позира со подигнати хеланки над стомакот, додека на другата покажува како изгледа нејзиниот стомак кога е опуштен.

„Она што го гледате и она што не го гледате. „Ролните“ на стомакот се нормална и здрава појава“, порачала Даниел.

Набрзо добила мноштво позитивни коментари поради пораките кои ги испраќа со коментари од луѓето дека фотографиите од совршени тела на Инстаграм лошо влијаат на самодовербата кај жените.

Најнови вести