четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Алек Болдвин се појави на комеморацијата на Хачинс

ФОТО: Алек Болдвин се појави на комеморацијата на Хачинс

Актерот Алек Болдвин присуствуваше на приватна комеморација за Халина Хачинс, директорката на фотографија која случајно тој ја застрела во четвртокот на снимање.

Болдвин заедно со сопругот и синот на трагично загинатата присуствуваше на комеморацијата која била одржана во кругот на семејството и пријателите, пренесуваат американските медиуми.

Холивудскиот актер на Твитер претходно објави дека е во контакт со сопругот на Хачинс нудејќи поддршка.

-Срцето ми е скршено поради нејзиниот сопруг, нивниот син и сите кои ја познаваа и сакаа Хачинс, напиша тој.

Најнови вести