Актерката Амбер Херд првпат е видена во јавност откако на суд загуби против поранешниот сопруг Џони Деп.
Имено, таа е видена како лета за Њујорк со приватен авион во друштво на сестрата Витни и некој од нејзините помошници.
Ваквото патување предизвика реакции на социјалните мрежи бидејќи нејзините адвокати секојдневно изјавуваат дека таа не може да му исплати на Деп 8 милиони долари отштета. Оттука се и реакциите за нејзиното патување на неколку часа со приватен авион.