Поранешната најдобра светска тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиот сопруг, легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер се подготвени да го прослават Божиќ.
Имено Ана на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позираат заедно со Бастијан пред новогодишната елка.
-Веќе го украсивме нашето дрво! Кој уште е подготвен за Божиќ? , напиша Ана под фотката на која таа и Бастијан позираат во својот дом пред новогодишната елка.
Секако коментари само се редеа, а многумина и покрај елката, коментираа дека Ана изгледа беспрекорно и се уште има совршена фигура иако роди две деца, па доби и комплименти за нејзините совршено тонирани нозе.
View this post on Instagram