Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ го чека своето трето дете со сопругот Бастијан Швајнштајгер и редовно споделува како ужива во здравиот живот. Парот веќе ги има синовите Леон и Лука, а Ана одбројува до третото породување.
На социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која го покажа трудничкиот стомак и со следбениците сподели дека пие здрав зелен пијалок.
– Бебето и јас ја добиваме нашата дневна доза зеленило, напиша Ана.
Ана на себе носеше црн фустан, а обожавателите како и секогаш ја пофалија за изгледот, а многумина од нив напишаа дека Ана овој пат носи девојче.