среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Брачниот живот на бразилскиот инфлуенсер: „Оженет сум со 8 жени – тие бараат од мене секогаш да сум фит и да имам „извајано“ тело“

ФОТО: Брачниот живот на бразилскиот инфлуенсер: „Оженет сум со 8 жени – тие бараат од мене секогаш да сум фит и да имам „извајано“ тело“

Бразилскиот инфлуенсер Артур О Урсо има 8 сопруги и притоа изјавил дека тие од него бараат тој постојано да биде во топ форма и да има стомачни мускули.

Неодамна отворено зборувал дека се идентификува како спорносексуалец, што значи дека е многу фокусиран на својот изглед. Како би останал во форма, посетувал теретана и правел исцрпувачки вежби.

Манекенот и инфлуенсер најпознат е по тоа што е во брак со 8 жени.

За оние кои се дефинираат себеси како спорносексуалци е познато тоа дека се многу фокусирани на својот изглед, од интензивна нега на телото, до фактот дека, во некои околности, се дури без ниту едно влакно на телото, освен косата.

„Сопругите ми ја проверуваат долната облека секоја недела“, изјавил Артур за неговите жени.

Тој толку многу се посветува на своето тело, иако знаел дека кај одредени жени предизвикува непријатност.

„Некои девојки не сакаат да гледаат како некој толку многу се грижи за себеси, додека дел се само љубоморни“, раскажал Урсо.

Инфлуенсерот тврдел дека следи цела рутина на нега за да ги задоволи своите потреби, а се чини дека тоа ги радувало и неговите сопруги. Артур, исто така, бил на екстремни диети како би го задоволил нивниот вкус. „Не јадев глутен, лактоза, па дури ни леб и тестенини“, додал тој.

Имал режим на вежбање, креиран за олимписките спортисти. Практикувал и строга рутина за нега на телото која се состоела од разни хидратни креми за тело и коса.

„Моите сопруги бараат да бидам секогаш во форма, во спротивно ми „одржуваат лекции“, заклучил тој, а пренеле „Мирор“.

Најнови вести