среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Брус Вилис фотографиран првпат во јавност откако објави дека поради болест ја завршува кариерата

ФОТО: Брус Вилис фотографиран првпат во јавност откако објави дека поради болест ја завршува кариерата

Актерот Брус Вилис е снимен во еден ресторан заедно со пријател со кој ручале, првпат во јавноста откако неговото семејство објави дека тој се повлекува од глумата поради здравјето.

Вилис има афазија, здравствена состојба која влијае на неговите когнитивни способности.

За неговото нарушено здравје се шпекулираше подолго време, пред семејството официјално да објави. Гласините почнаа откако актерот почна да прифаќа улоги во нискобуџетни филмови.

-Режирав неколку филмови со него, па знам од прва рака. Тажно е да се гледа легенда како Брус Вилис како пропаѓа пред вашите очи. Го видов тоа додека работев со него изминативе години, одговорил на коментар на ЈуТјуб Мат Ескандри.

Најнови вести