Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ има повеќе од милион следбеници на „Инстаграм“. Можете само да замислите колку илјадници пораки секојдневно добива од обожавателите, па може да се заклучи дека тешко дека ќе ги види.
Сепак, одреден човек имал среќа. Имено, на „TikTok“ е објавена снимка од преписката на Цеца со неименуван обожавател, кој од неа бара совет во врска со изборот на цвеќе за девојка.
„Утре имам состанок, и купувам цвеќе, но не знам кое да го земам. Помогни ми, ако не ѝ се допаѓа, барем можам да кажам дека Цеца Ражнатовиќ ги избрала тие цвеќиња за неа“, напиша момчето кое веројатно немаше поим дека ѕвездата ќе му одговори.
@filipfilipovvic 🌹#fyp #foryou #foryoupage #viral #fypシ #fypシ゚viral #cecaraznatovic #dejt ♬ Fatalna ljubav – Ceca Raznatovic
Сепак пејачката му напиша:
„Хахаха. Букет рози секогаш поминува. Со среќа“, беше одговорот.
Ќе видиме дали овој потег ќе вроди со плод.