Актерот Џорџ Клуни е еден од добитниците на наградата „Кенеди центар“ која веќе 45 години им се доделува на оние кои придонеле за развој на американската култура.
На настанот присуствуваше и долгогодишната пријателка на Клуни, актерката Џулија Робертс која несомнено го привлече целото внимание кон себе.
Таа направи нешто што никој не го сторил до сега. Се појави во долг црн фустан, а кој имаше слики од Клуни.
Светските медиуми пишуваат дека Џулија која на настанот дојде со својот сопруг, на овој начин сакала да му пружи поддршка на својот пријател.