Актерот Даниел Крег доби своја ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните, неколку дена пред прикажувањето на новиот филм со Џејмс Бонд во САД.
Филмот „No Time To Die“ е петтиот и последен настап на Крег во улогата на британскиот таен агент.
Ѕвездата на актерот е 2704 ѕвезда на Булеварот, а поставена е покрај ѕвездата на Роџер Мур кој од 1973 до 1985 година го играше Бонд во седум филмови.
-Апсолутна чест е да одат по мене во Холивуд. Тоа што на овој плочник сум опкружен со такви легенди ме прави многу, многу среќен, истакна Крег.