петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Децата се потсмеваат со синот на славната актерка – „ќе носи фустани додека сака, ја има мојата поддршка“

ФОТО: Децата се потсмеваат со синот на славната актерка – „ќе носи фустани додека сака, ја има мојата поддршка“

Меган Фокс и Брајан Остин Грин целосно го поддржуваат нивниот син Ноа да носи фустани и честопати поттикнуваат дискусии со таа одлука.

Популарната актерка повторно се наврати на таа тема во интервју за „The Talk“. 33-годишната холивудска ѕвезда раскажа дека Ноа е исмејуван од неговите соученици затоа што понекогаш носи фустани, но таа го учи да не се грижи за туѓите мислења и коментари.

„Тој дизајнира, црта аутфити… Тој ја сака модата, понекогаш се облекува сам, понекогаш сака да носи фустани. Го запишав во навистина либерално, хипи училиште. Но, дури и таму, овде во Калифорнија, има момчиња кои му велат: ‘Момчињата не носат фустани’ или ‘Момчињата не носат розево.’“, вели актерката.

„Моментално поминуваме низ тоа и го учам да има самодоверба, без разлика што му велат другите. Извесно време престана да носи фустани. Носеше фустан пред два дена на училиште. Се врати дома и го прашав како помина и дали некое од другарчињата му рече нешто, а тој ми одговори: ‘Сите момчиња ми се смееја кога влегов. Не ми е гајле, премногу сакам фустани’.“

Покрај Ноа, Меган има и уште две помали синчиња – Боди и Џурни.

Најнови вести