Една од најубавите актерки Џулија Робертс со години не го менува својот изглед, а сега реши да направи драстична промена за промоција на луксузните часовници од брендот „Chopard“ во Женева.
Џулија за споменатата пригода се „скоцка“ од глава до пети, а за панел дискусијата и промоцијата на часовниците од споменатиот бренд избра убав бел костум.
Сепак, вниманието на јавноста го привлече фризурата на актерката, односно свежо исечените шишки кои во комбинација со нејзината стандардна долга коса ја истакнаа линијата на лицето.