Ако нешто сака славниот оскаровец да прави во слободно време, тоа е да освојува манекенки.
Леонардо ди Каприо (43) со Бразилката Жизел Бундшен беше во врска 7 госини, но таа го остави кога сфати дека тој нема да се ожени со неа, додека пак врската со израелската убавица Бар Рафаели траеше 5 години, но ниту таа не успеа да го смири.
И додека двете денес се среќно омажени жени и реализирани како мајки, Лео продолжи да освојува манекенки, а последна во неговите прегратки падна аргентинската манекенка Камила Морони која има 20 години.
Парот е заедно од почетокот на оваа година, а се запознал преку легендарниот актер Ал Пачино кој пак е во врска со мајката на манекенката.
Вљубениот пар стави крај на шпекулациите и ја потврди врската со опуштена прошетка во Холивуд.