Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон во моментот се наоѓа на тридневна посета на Ирска, заедно со сопругот, принцот Вилијам, а со нејзиниот изглед плени.
Војвотката од Кембриџ заедно со сопругот ја посети хуманитарната организација „Jigsaw” која се занимава со проблемите поврзани за менталното здравје, а со својот стајлинг и новата фризура таа го воодушеви светот.
Кејт ја скратила косата во облик на малку подолг боб, кој совршено и прилега и ги истакнува нејзините црти на лицето, а црните панталони и белиот капут беа вистински погодок.