петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Долф Лундгрен ужива на Миконос со 38 години помладата свршеница, која е врсничка со ќерка му

ФОТО: Долф Лундгрен ужива на Миконос со 38 години помладата свршеница, која е врсничка со ќерка му

Холивудскиот актер Долф Лундгрен (65) ужива на одмор на Миконос, Грција со својата свршеница и ќерката.

Актерот изгледа среќно во друштво на неговата 27-годишна вереница Ема Крокдал и 27-годишната ќерка Ајда.

Девојката на актерот, која е 38 години помлада од него, носеше црно бикини, а својот изглед го комплетираше со темни очила за сонце и едноставен накит.

Долф неодамна за прв пат јавно проговори за својата осумгодишна битка со ракот на белите дробови, кој му беше дијагностициран во 2015 година, а деталите ги откри во емисијата „Во длабочина со Греам Бесинџер“.

 

Најнови вести