Манекенката Хејли Болдвин и пејачот Џастин Бибер повторно се заедно.
По сомнителното поминато време заедно во базен, парот е фатен како се бакнува пред камерите и на тој начин ја потврди обновената врска.
Бибер (24) и Болдвин (21) беа во врска пред две години, по што раскинаа, а тој и се врати на Селена Гомез.
Инаку, Хејли која е ќерка на актерот Стивен Болдвин, во моментов е една од најбараните манекенки.