Станија Добројевиќ, поранешната учесничка во „Задруга“, позната е по својот луксузен живот, како во Србија, така и во Америка.
Познатата старлета ги отвори вратите на својот луксузен дом во центарот на Нови Сад.
Својот луксузен дом го купила за време на студирањето на Економскиот факултет, на кој и дипломираше.
Посебно место има нејзиниот гардеробер во кој се ноаѓа брендирана облека. Станије не крие дека има и небрендирана облека бидејќи сака да се чувствува како и нормалниот свет.
По ѕидовите има и фотографии од нејзините натпреварувања, но и неколку провокативни фотографии. Старлетата често добива писма и цвеќиња од фановите.
Исто така Станија има и мала библиотека, па бидејќи има завршено економски факултет најчесто сака да чита книги од таа област.
Станија е некој кој благодарение на својата работа си овозможи да посети различни дестинации, да купи и брендирана облека, а студентските денови ги помина во овој дом.