Македонската ријалити ѕвезда се сврши. Елеонора Миљковиќ беше запресена од своето момче Чедо, со кое се во долгогодишна љубовна врска.
Чинот на запросувањето се случил вчера, четврток, 16 јуни 2002, во атарот на една позната, елитна скопска винарија, каде откако нејзиното момче по стариот добар обичај клекнаувајќи на колена и подарил скапоцен веренички прстен и ја побарал нејзината рака, македонската ријалити учесничка кажала – ДА!
Скопската убавица претходно со ништо не најави дека е „на чекор“ од запловување во брачните води, што не ја исклучува можноста и самата навистина да била навистина изненадена од запросувањето, иако многумина велат дека не е баш така.
Гледајќи ги споделените фотографии и видеа на нејзините Инстаграм приказни, тврдат дека запросувањето изгледа како да било „однапред режирано“, со срце од рози на плочникот, огномет со поставени прскалки, црвени срце балони и подготвени фотообјективи за да го овековечат чинот.
Како и да е бившата ријалити ѕвезда од „Задруга“ и едно време ТВ водителка на српската „ТВ Ред“, сексапилната инфлуенсерка и модел, Нора го кажа своето судбоносно – ДА.
Свршеничката веселба потоа продолжила во еден познат скопски ланч-ресторан и кафе-бар каде вереничкиот декор го надополниле и балоните, меѓу кои доминира оној во форма на свршеничкиот прстен.