Една од најзгодните жени во Холивуд не престанува да воодушевува со своето витко тело и бујните облини, како и со нејзиниот лежерен, урбан моден стил.
Супермоделот Емили Ратајковски не престанува да го привлекува вниманието на јавноста откако се појави на сцената на модната индустрија пред десет години.
Нејзината природна убавина и неверојатно извајано тело ја прават совршен пример за модел од највисок ранг.
Папараците ја фатија како шета по улиците на Њујорк во темни тексас шорцеви и лесна, тесна маичка со класичен крој.
Како аксесоари носи црн појас кој дополнително го истакнува нејзиниот тесен струк, темно кафени очила и златен накит.
Стајлингот го надополни со бели каубојски чизми.