Пред, но и после ревијата на колекцијата „PrettyLittleThing“ настаната во соработка со убавицата Наоми Кемпбел, следела онаа другата, бекстејџ ревија, настаната целосно случајно.
Ѕвездите кои присуствувале на овој настан во Њујорк по неговото завршување се упатиле кон престижниот ресторан „Cipriani“, а на патот до таму тие застанале пред објективот на фотографите.
Најмногу внимание привлекло неверојатно модно издание на манекенката Емили Ратајковски.
Во интересен, проѕирен, жолт, краток фустан со длабоко деколте за кое не е дозволено да се носи со градник затоа што така би се уништил целокупниот впечаток, 32-годишната убавица го покажала својот прекрасен тен и секако извајана фигура на тело.
Сцената која привлекла големо внимание е кога манекенката влегувала во автомобилот, а папарацо фотографите нормално дека го „документирале“ сето тоа. Емили се наведнала, а погледот кон неа ги оставил сите без здив со оглед на тоа што јасно се видела нејзината долна облека.
Меѓутоа, таа не била единствената која таа вечер не носела градник. Веќе на самата ревија, без него во проѕирен, црн фустан прошетала и секогаш сензационалната Наоми Кемпбел.
Што мислите за нивните модни комбинации?