Оскаровецот Ентони Хопкинс домашниот карантин не го поднесе лесно. Не е ни чудно по поминати 170 дена.
Тој има 82 години и спаѓа во најризичната група кога се работи за коронавирусот, па и натаму е во домашен карантин во Калифорнија.
За тоа како му поминуваат денови и како ја поднесува ситуацијата, актерот објави фотографија на Твитер.
-170 дена во карантин, а и натаму мислам дека сум разумен, напиша актерот кој на фотографијата е со ококорени очи.
170 days in quarantine and I think I’m still sane ? pic.twitter.com/FEimTodHNN
— Anthony Hopkins (@AnthonyHopkins) August 26, 2020
Неговата шега наиде на воодушевување на неговите обожаватели, а објавата доби над 246.000 лајкови на Твитер