вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Еве како изгледа денес малото девојче од „Good Luck Charlie“

ФОТО: Еве како изгледа денес малото девојче од „Good Luck Charlie“

Актерката Миа Талерико, која го толкуваше ликот на девојката во ситкомот „Среќно Чарли“, е прва година во средно училиште, а многумина кои ја препознаваат по виралното меме беа изненадени како изгледа сега.

Миа Талерико го играше ликот Чарли Данкан на популарната серија на Дизни, која се емитуваше од 2010 до 2014 година и траеше четири сезони.

Сместена во Денвер, Колорадо, серијата го следеше семејството Данкан додека се приспособува на доаѓањето на нивното четврто дете, при што трите постари деца мораа да помогнат во одгледувањето на нивната помала сестра.

Секоја епизода е направена во стилот на видео дневник, кој Теди (Бриџит Мендлер) го прави за својата помлада сестра со надеж дека нејзиниот совет ќе и помогне додека расте – при што секој запис завршува со пораката: „Среќно Чарли“.

Оние кои не ја гледале серијата ја паметат девојката по виралното меме кое и денес се споделува на социјалните мрежи.

Талерико, која сега има 14 години, започнала средно училиште. Објави фотографија на Инстаграм со коментар „Прв училишен ден“.

Најнови вести