четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Црвено- розов килим на „Мостра“, овие креации мора да ги погледнете

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Црвено- розов килим на „Мостра“, овие креации мора да ги погледнете

Црвената и розовата боја доминираа на свеченото отворање на 75-тото издание на филмскиот фестивал во Венеција.

Клер Фој, актерката од филмот „Првиот човек“ со кој беше отворен фестивалот, носеше розов фустан со необична црвена наметка во горниот дел, креација на Пјерпаоло Пичоли за „Валентино“.

Холивудската ѕвезда Наоми Вотс се појави во розов фустан од колекцијата на висока мода на Армани.

Црвени и розови креации облекоа и Габриела Вајлд и Лоти Мос, а Рајан Гослинг, кој заедно со Клер глуми во филмот за Нил Армстронг („Првиот човек“), носеше бледо розово сако во комбинација со бела кошула и црни панталони.

Најнови вести