Момчето кое му покажа на Балканот како се пее, некогаш малиот Трајче Георгиев кој учествуваше на српското музичко шоу „Пинкови ѕвездички“, денес има 19 години и живее во Струмица. Горгиев и понатаму се занимава со музика, па често на социјалните мрежи знае да објави преработка од познати песни.
Тој важеше за еден од фаворитите, па стигна и до самото финале кое се одржа во јули 2015 година.
Победата ја однесе Марија Сердар, додека пак Трајче се најде на второто место.
Во овие 5 години навистина многу се промени, а тоа погледнете го на фотографиите: