Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, купи луксузен стан во Херцег Нови! Моментно вториот светски рекет во светот престојува во Црна Гора, каде ужива во одморот, но и се подготвува за продолжението на сезоната
Српскиот портал „Курир“ објави ексклузивни снимки од тренингот на српскиот ас, а по работата на теренот на фотографиите се виде како Ноле се упати кон луксузната вила што ја купи.
– По тренингот го однесоа во вилата. Тој купи вила тука. Тие се всушност станови, неговиот е најверојатно на покривот. Синоќа гледавме како свети светлото, а луѓето беа на тераса. Тој стан е затскриен, има целосен мир. Цените за изнајмување се околу 2.000 евра за ноќ – вели извор на „Блиц“.
Ѓоковиќ повеќе од десет дена е во Црна Гора, а следна дестинација ќе му биде Америка каде ќе „брка“ нова грен слем титула на САД Опен.