Грчката манекенка Софија Хаџипантели стана тема на социјалните мрежи откако се појави во природно издание на Канскиот филмски фестивал.
Имено, таа со години не ги средува веѓите и затоа привлекува внимание каде и да се појави. Иако има и такви кои ја критикуваат дека избрала да го прифати природниот изглед на нејзините веѓи, таа воопшто не обрнува внимание на негативните коментари.
Во една нејзина изјава рече дека нејзините предци ја инспирирале да се прифати себеси таква каква што е.
-Едноставно одам по улица без размислување. Негативните, позитивните, охрабрувачките, понижувачките и сите други реакции ми се забавни, изјавила таа.