Хајди Клум е подготвена да го гледа популарното натпреварувачко шоу со многу акција, „Америка има талент“, во кое е член на жирито.
Таа има неверојатна помош, во форма на џиновско сиво-бело куче Антон, кој се смести на кревет покрај убавицата за да ѝ прави друштво.
На фотографијата што ја сподели на својот Инстаграм во вторникот вечерта, Хајди (48) се подготвува да ја гледа новата епизода од шоуто за таленти.
View this post on Instagram
Хајди, поранешен германско-американски супермодел, е облечена во пижами со принтови – фотографии на кои е заедно со нејзините колеги судии на шоуто за таленти – Софија Вергара, Хови Мандел, Тери Крус и Сајмон Ковел.
„Антон и јас сме подготвени за America’s Got Talent!“ напиша таа во описот на фотографиите, додавајќи смајлиња и емотикони со лице на куче.