сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Харис Берковиќ за првпат во јавноста после раскинувањето со Рада!

ФОТО: Харис Берковиќ за првпат во јавноста после раскинувањето со Рада!

Познатиот пејач, Харис Берковиќ за првпат објави фотографија на социјалните мрежи откако претходно медиумите пренесоа за неговата разделба со пејачката Рада Манојловиќ, како и наводното нејзино враќање кај нејзиното поранешно момче Милан Станковиќ.

На фотографијата Харис е насмеан, шалеќки се на топлото време, притоа сакајќи да покаже дека не го интересира ништо од тоа што се зборува и пишува.

-Пржи, ѕвездане, пишува кратко на описот на фотографијата познатиот пејач.

Тој во последно време му се врати на работата и настапите.

Врската помеѓу Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ по шест години заврши. Пејачката беше таа што реши да стави крај на се, и за тоа Скандал, дознава дека причината не е прељуба.

Имено, како што неодамна пишуваше Скандал Рада решила да превземи нешто, па решила да одмори за и двајцата да видат што прават. Едноставно и беше преку глава од се и сфати дека и треба време и самотија.

-Последниве неколку месеци поради тоа што веќе врската не беше стабилна, не беше врска на која беше навикната, па донесе одлука малку да се оддалечи и добро да размисли за се. Станува збор за разделба на извесно време, по што ќе се сретнат и ќе одлучат што понатаму. Немаше остри зборови, се решија во мир и цивилизација како возрасни кои се ценат и почитуваат.

По нејзиниот предлог, Харис се исели и се врати во Босна, а Рада неодамна настапуваше во неговиот град, но тогаш не го посети – рекол извор за Скандал!.

Најнови вести