Хју Џекмен од неодамна е сам по веста дека се разведува од Дебора-Ли Фурнес по речиси триесет години брак.
Но, се чини тој баш и не ужива во осаменичкиот животот. Актерот ги насмеа сите свои обожаватели до солзи кога покажа како изгледа машината за миење садови која „експлодирала“ со вода и сапуница.
Ова се случува ако користите погрешна течност или ставите премногу од производ, а Џекмен изгледа досега немал такви проблеми.
Да потсетиме, Хју и Дебора преку заедничка изјава ја информираа јавноста дека на нивната љубов и дојде крајот по 27 години брак и две деца.