Сара Џесика Паркер неодамна откри дека никогаш не ѝ се допаѓал стилот на Кери Бредшо, ликот кој ја прослави.
51-годишната актерка се прослави со улогата на писателката Кери Бредшо во ТВ серијата “Сексот и градот”.
И додека за модната комбинација на славната Њујорчанка на сетот била заслужна генијалната стилистка Патриша Филд која тогаш покрена вистинска модна револуција и во приватниот живот Сара Џесика “собрала” бројни стилски трикови од славниот лик.
Со тоа, русокосата актерка честопати знае да го спои неспоивото и сепак да изгледа одлично, а Паркер има и своја колекција на чевли кои наликуваат на оние кои Бредшо ги носеше со години.
Но, пред неколку недели, Сара ги изненади своите обожаватели со изјавата дека никогаш не ѝ се допаѓал стилот на Кери Бредшо.
Но, многумина не би се согласиле со тоа бидејќи во последното издание во кое таа се појавила, Сара повторно го заживеала ликот на Кери Бредшо.