недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Ибрахимовиќ и Хелена направија „хаос“ во Милано со новото Ферари

ФОТО: Ибрахимовиќ и Хелена направија „хаос“ во Милано со новото Ферари

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ го покажа својот нов луксузен автомобил за време на неговото излегување со својата долгогодишна партнерка Хелена Сегер.

Двојката низ улиците на Милано возела во скапо бело Ферари, а околу нив се собрале толпа фанови и новинари за да се фотографираат со нив.

Ибрахимовиќ и неговата 11 години постара партнерка Хелена не изгледале претерано вознемирени, додека фановите ги следеле низ тесните улички на Милано.

Златан и Хелена се во врска од 2001 година и заедно ги имаат синовите Максимилијан и Винсент.

Инаку, скапата колекција на автомобили во сопственост на шведскиот фудбалер е една од најатрактивните во светот на спортот.

Најнови вести