петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Игор Џамбазов ја објави последната заедничка фотографија со неговите родители, баба му и дедо му

ФОТО: Игор Џамбазов ја објави последната заедничка фотографија со неговите родители, баба му и дедо му

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов слободното време кое го има поради пандемијата коронавирус го користи да ужива заедно со својата љубов алпинистката Илина Арсова и да патува на разни дестинации низ земјава.

Тој е навистина активен на социјалните мрежи, каде оние кои го следат може да ги прочитаат неговите мудри мисли поврзани за животот, приватни фотографии со неговата сакана Илина, но и фотографии од архива со кои се потсетува на некои дамнешни времиња.

Последната фотографија која тој ја објави ги воодушеви сите. Тој ја сподели последната фотографија со неговите родители, неговиот татко, композиторот и диригент Александар Џамбазов и неговата мајка, покојната актерка Анче Џамбазова. На фотографијата направена пред 27 години се и баба му и неговиот дедо, Петре Прличко.

Фотографијата за краток период достигна повеќе од 4.000 лајкови, а под истата коментираа Калиопи, Тамара Тодевска, Весна Петрушевска….

„Последната заедничка фотографија…1993…тато, мама, баба и дедо 5-ре…“, стои во опис на фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

Последната заедничка фотографија…1993…тато, мама, баба и дедо 5-ре…

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Најнови вести