Иако целиот свет зборува за промената која Адел ја направи, изненади и пејачката Џесика Симпсон која својата линија по породување ја доведе до совршенство. Имено, таа во бременоста достигнала дури 110 килограми, а потоа се преполовила и покажала како изгледа по градник и шорц.
Нејзиниот тренер открил дека осмислил план како пејачката ќе ослабе.
-Не правевме никакви екстремни диети, ниту програми за вежбање. Се договоривме дневно да прави 12 илјади чекори , секој ден пред да легне во кревет. Потребни ѝ се 7 часа сон, барем 1 час дневно без технологија, објаснил тој.