Италијанската водителка Дилета Леота, позната на сите љубители на фудбалот и Серија А, моментално се наоѓа во Истанбул, каде отпатува со своето момче Џан Јаман кој на многумина им е познат како „Романтичарот“ од истоимената серија.
Не е само туристичко патување, патем италијанските медиуми открија дека Дилета Леота го запознала семејството на турскиот актер, а причината е што парот наскоро ќе стапне на „луд камен“, па наводно венчавката е веќе закажана во Сардинија.
Таа објави и фотографија во бел фустан, што исто така може да биде сигнал дека приказните за венчавката се вистинити.
View this post on Instagram