четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Ја нарекуваат најубавата жена во светот, еве како изгледа без шминка во 7 наутро

ФОТО: Ја нарекуваат најубавата жена во светот, еве како изгледа без шминка во 7 наутро

Мадалина Генеа, романската актерка и манекенка која многумина ја сметаат за најубавата жена на светот, покажа како изгледа без шминка. Таа објави фотографија која е направена во утринските часови по фестивалот во Кан.

-Седум е наутро, ноќта ја поминав на затворањето на фестивалот во Кан. Ме разбуди со својот вообичаен ентузијазам со тоа што ми приреди мало шоу. Шминка, какви било украси, каков било накит, како овој. Се чувствував како да ме удрил камион по 2 недели обврски и месеци снимање… Но, преку нејзиниот објектив, заморот станува плус“, напиша таа покрај фотографија, заблагодарувајќи и се на фотографката.

Мадалина се појави на црвениот тепих во Кан и ги остави без здив сите присутни.

Манекенката успешно зачекори во филмските води со улогата на Софија Лорен во филмот House of Gucci, а поради нејзиниот изглед многумина ја споредуваат со познатата актерка. Некои веруваат дека е поубава и од Софија Лорен, а фановите на Инстаграм и велат дека моментално е најубавата жена на планетата.

Најнови вести