четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Кејт Бланшет во фустан кој е синоним за префинетост

ФОТО: Кејт Бланшет во фустан кој е синоним за префинетост

На 76-тото доделување на филмските награди на Британската академија (БАФТА), кое се смета за вовед во Оскарите, победи римејкот на антивоениот класик „Ништо ново на запад“, кој зборува за ужасите од Првата светска војна.

Кејт Бланшет ја доби наградата за најдобра актерка во филмот „Катран“.

Најдобрата главна актерка блесна на црвениот тепих во елегантен црн фустан на француската модна куќа Maison Margiela, дизајниран од Џон Галијано.

Фустанот ја следеше нејзината силуета, а особено впечатлив беше отворениот грб што ја направи целата комбинација многу префинета.

Црниот фустан од свила и кадифе го искомбинирала со бисерна огрлица од модната куќа Луи Витон. Уште еден впечатлив детал е сината лента на фустанот што неколку актери ја носеа во знак на солидарност и поддршка за бегалците и раселените луѓе ширум светот.

Кејт Бланшет ја обликуваше косата во елегантна пунџа, а природната убавина ја истакна со лесна шминка.

Најнови вести