сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Кејт Мидлтон блесна на премиерата на „Не е време за умирање“, погледнете во каков фустан се појави

ФОТО: Кејт Мидлтон блесна на премиерата на „Не е време за умирање“, погледнете во каков фустан се појави

Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон остави силен впечаток синоќа на британската премиера на филмот за агентот Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“ (No Time to Die), во Лондон.

Кејт на црвениот тепих во „Ројал Алберт хол“ пристигна во златен фустан – креација на Џени Пекам, украсен со светки и монистра. Елегантниот стајлинг бил надополнет со златни обетки.

На црвениот тепих беа и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, како и принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол.

Филмот „Не е време за умирање“ ја имаше својата светска премиера 18 месеци подоцна од планираното, по неколкуте одложувања поради пандемијата на Ковид-19. Британскиот глумец Даниел Крејг по петти, последен пат го глуми тајниот агент „007“.

Најнови вести