недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Кејт Мидлтон блесна на Вимблдон, многумина ја споредија со Дајана

ФОТО: Кејт Мидлтон блесна на Вимблдон, многумина ја споредија со Дајана

Принцезата од Велс за прв пат се појави на овогодинешниот Вимблдон. Кејт (41) со својот моден избор ги воодушеви сите. На вториот ден од турнирот таа носеше сако со зелена ментол боја над бел плисиран фустан.

Многумина коментираа дека ова сако наликува на стилот на принцезата Дајана.

Инаку, сакото е со потпис на брендот Balmanin и неговата цена е околу 2.100 долари. Изданието Кејт го комплетираше со аксесоари во бела боја – кожни потпетици и чанта Mulberry.

Принцезата го зазеде своето место на теренот 18 , а го следеше мечот меѓу врвната британска тенисерка Кејти Бултер која играше против Австралијката Дарија Савил. Натпреварот беше прекинат поради дожд.

Како и секоја година, Кејт на сакото носеше виолетова машна, што е повеќе од моден детаљ. Тоа е симбол на покровителството на Кејт на англискиот клуб за тенис и крикет.

Кејт го доби ова покровителство од кралицата Елизабета Втора бидејќи е голем љубител на тенисот.

Најнови вести