среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Ќерката на Хајди Клум ужива на јахтата на својот татко: Манекенката ги покажала сите свои атрибути во танга бикини

ФОТО: Ќерката на Хајди Клум ужива на јахтата на својот татко: Манекенката ги покажала сите свои атрибути во танга бикини

Лени Клум, ќерката на славната манекенка Хајди Клум, ужива во луксузниот одмор на југот на Франција, а притоа ги покажала своите адути.

19-годишната манекенка била снимена како се сонча во минијатурно сино бикини на јахтата на својот татко, италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе. Лени се забавувала во друштво на пријателите, се сончала на палубата и се капела во морето.

Иако Флавио ѝ е татко, поранешниот очув Сил ја посвоил Лени пред многу години. Таа тргна по манекенските стапки на својата мајка, а пред 2 години се појави на насловната страница на германскиот „Vogue“. Хајди била воодушевена од успехот на својата ќерка.

„Толку сум горда на тебе. И не само затоа што одбра да тргнеш по овој пат. Знам дека по кој пат и да тргнеш, тоа ќе биде твојот пат. Отсекогаш си знаела што сакаш, а што не сакаш. Ти не си мини-јас и многу сум среќна што сега можеш да му покажеш на светот која си всушност ТИ“, напишала тогаш гордата мајка на социјалните мрежи.

Лени во минатото соработуваше со модни брендови како „Versace“ и „Dior“, а многу прашина подигна и нејзиното позирање во долна облека заедно со Хајди, за брендот „Intimissimi“.

Најнови вести