Поп-пејачката Кети Пери (38) во ексцентрично издание дојде на снимањето на шоуто на Џими Кимел.
Кети во оваа прилика имаше стајлинг кој ретко кој би се осмелил да го носи. Јакна и мини здолниште во зебра дезен, и горен дел со мали стаклени парчиња.
Чизмите над колена како и очилата го комплетираа изгледот, а пејачката насмеана им позираше на фоторепортерите.
Кети од 2016 година е во врска со актерот Орландо Блум со кој има ќерка.